Растат потрошувачките и станбените кредити

Bez autora
Mar 25 2015

Растат потрошувачките и станбените кредити што му се одобрени на населението од домашните банки. Само во февруари годинава, македонските граѓани се задолжиле со нови 7 милиони евра по основ на потрошувачки кредити. Односно, на крајот од вториот месец на годинава, вкупниот износ на потрошувачки кредити достигнал 779 милиони евра, наспроти 772 милиони колку што изнесувале овој вид заеми во јануари, говорат податоците на Народна банка на Македонија. Притоа, во овие суми влегуваат и потрошувачките кредити што се одобрени во денари, кои се во многу поголем износ, но и оние заеми што се доделени во странска валута. Потрошувачките кредити традиционално се најкористената форма на задолжување на граѓаните, за што зборува фактот дека дури половината од вкупните долгови на населението по сите основи кон банките, всушност, се однесуваат на овој тип заеми.

Растат потрошувачките и станбените кредитиРастат потрошувачките и станбените кредити што му се одобрени на населението од домашните банки.

Само во февруари годинава, македонските граѓани се задолжиле со нови 7 милиони евра по основ на потрошувачки кредити. Односно, на крајот од вториот месец на годинава, вкупниот износ на потрошувачки кредити достигнал 779 милиони евра, наспроти 772 милиони колку што изнесувале овој вид заеми во јануари, говорат податоците на Народна банка на Македонија. Притоа, во овие суми влегуваат и потрошувачките кредити што се одобрени во денари, кои се во многу поголем износ, но и оние заеми што се доделени во странска валута.

Потрошувачките кредити традиционално се најкористената форма на задолжување на граѓаните, за што зборува фактот дека дури половината од вкупните долгови на населението по сите основи кон банките, всушност, се однесуваат на овој тип заеми. Главно потрошувачките кредити се доделуваат без конкретна намена за нивните корисници, а се користат за купување мебел и покуќнина, бела техника, електроника, потоа за школување и за слични намени. Фактот што во февруари се зголемил износот на доделените потрошувачки кредити говори дека граѓаните во тој месец биле склони кон зголемување на својата потрошувачка за домашни потреби, преку задолжување во домашниот банкарски систем.

Во постојано зголемување секој месец се и станбените кредити, за кои во последниов период постои впечаток како македонските банки да се натпреваруваат која ќе понуди пониски каматни стапки или други поволности во поглед на условите на одобрување на заемите. Само во февруари, сумата на доделените станбени кредити се зголемила за нови близу 6 милиони евра. Односно, на крајот од вториот месец на годината, како што зборуваат податоците на централната банка, македонското население по основ на станбени кредити вкупно им должи на банките 424 милиони евра.

И додека растат потрошувачките и станбените кредити, сумата на автомобилски заеми не престанува да се намалува од месец во месец. Во февруари таа доживеала дополнително снижување од околу 500 илјади евра, со што сега вкупно по основ на автомобилски кредити граѓаните должат само 10 милиони евра. Овој тренд се согледува и низ досегашниот постојан пад на бројот на купените нови автомобили во земјава.

Благо намалување во февруари има и по основ на долговите за кредитни картички, чија вкупна сума во февруари тежи 199 милиони евра, што зборува за минимално снижување за околу два милиони евра кај овој вид задолжување.

Мал пад во февруари е забележан и кај минусите на тековните сметки, за околу 455 илјади евра. Сепак, и покрај ова мало месечно намалување, бројките говорат дека граѓаните и натаму значајно ги користат можностите за влегување во дозволен минус, бидејќи вкупната сума на негативни салда по тековни сметки на крајот од февруари во македонскиот банкарски систем изнесувала 92 милиони евра. Значи, граѓаните не се откажуваат од оваа можност да влезат во минус на тековна сметка што им ја дозволуваат банките, во случај кога месечните приходи од плата не се доволни да се „заокружи финансиската конструкција“ на месецот. Притоа, овде треба да се напомене дека во претходниот месец, јануари, беше регистриран голем раст на минусите на тековните, од над 6 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik